Редовно Годишно Собрание на ОФС Битола

Општинскиот Фудбалски Сојуз Битола на 20.05.2018 г со почеток во 10 часот во просториите на ресторанот ,,Путник,, во Битола го одржа своето Редовно Годишно Собрание.На собранието беа присутни 30 делегати од вкупно 39 делегати.

Помеѓу точките од Дневниот ред беа и верификувањето на мандатите на новите делегати како и извештајот за работата на Управниот Одбор на ОФС Битола за 2017 г. и усвојувањето на финансискиот извештај за 2017 г. кои беа едногласно изгласани.

На Собранието на ОФС Битола беа присутни и членови на Управниот Одбор на ФФМ